Search

Груевски и Јанкулоска договарале изработка на пасоши за изборите во 2011

Денешното рочиште за „Титаник“ за изборни измами продолжи со читање на СМС-пораки. Најголем дел од пораките се меѓу обвинетиот експремиер Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Пораките се однесуваат на организирање на гласачи од дијаспората за изборите во 2011 година.

Од СМС комуникацијата се гледа како била договарана изработка на пасоши и регрутирање гласачи и кандидати преку дипломатските претставништва во странство, но и активности за организирање гласачи во институциите.

Јас гарантирам дека за сите лица за кои МНР ќе достави податоци, ќе биде направен пасош за 24 часа. Во нашиот дел гарантирам дека нема да има проблем. За делот од МНР задолжен е Антонио Милошоски“, му вели Јанкулоска на Груевски.

Треба да знаете
Последни објави