Search

Груби и кинескиот амбасадор разговарале за 5G-мрежата

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, оствари средба со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.

Oд кабинетот на Груби имформираа дека тој пред кинескиот амбасадор изразил интерес за автопатот Кичево-Охрид-Струга и побарал да се надминат сите пречки за што побрзо реализирање на проектот.

Двајцата разговарале и за стратешките електронски комуникации, 5G-мрежата и обврските што ги имаме како земја членка на НАТО и кон стратешките партнери, информираат од кабинетот.

„Груби истакна дека односите со меѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина се коректни. Тој изрази уверување дека развојот на економската соработка ќе биде понатамошна цел на амбасадорот Џанг Ѕуо и дека тоа ќе резултира со зголемување на бројот на кинеските компании кои ќе најдат интерес да инвестираат во Република Северна Македонија. Груби му се заблагодари на амбасадорот Ѕуо за донациите дадени од Народна Република Кина за Северна Македонија во медицинска помош со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19“, велат од Кабинетот на Груби за текот на средбата.

Амбасадорот Џанг Ѕуо му пренел на Груби дека Република Северна Македонија е пријателска земја за кинескиот народ, со посебен придонес во развојот на односите меѓу двете земји. Тој исто така ја поздравил континуираната поддршка на Република Северна Македонија кон државните позиции на Народна Република Кина.

Амбасадорот оценува дека Народна Република Кина посветува големо внимание на досегашната соработка во сите сфери меѓу двете земји и верува дека таа ќе се интензивира со цел да се постигнат конкретни резултати. Во наредниот период ќе се интензивира соработката во областа на културата, образованието и туризмот.

Треба да знаете
Последни објави