Skip to main content
Скопје

Град Скопје: Се докажа дека ВМРО-ДПМНЕ се креатори на хаосот со јавниот превоз

27/11/2024  15:34

„Денешната седница на Советот на Град Скопје е само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните советници немаат намера да го средат хаосот во јавниот сообраќај, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека денес повторно се докажало дека всушност ВМРО-ДПМНЕ се креатори на хаосот. 

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно, по 26 пат одбија да гласаат набавка на нови автобуси.

Повторно го блокираа проектот за БРТ со кој Скопје би добил 60 нови автобуси во рамки на брзиот автобуски превоз.

И како тоа да не е доволно, Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да ја стават на дневен ред точката по барање на приватните превозници, со која тие бараат зголемување на надоместот за јавен превоз, сѐ со цел за да се продлабочи кризата и зголеми хаосот.