Skip to main content
Македонија

Градоначалникот Ѓорѓиевски положи свежо цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во дворот на НУБ

08/12/2024  13:43

На покана на претседателот на Република Македонија проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес присуствуваше на чествувањето на 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски. Заедно со делегација од Општина Кисела Вода, оддаде почит пред споменикот на Свети Климент Охридски во дворот на НУБ.

По Климентовите дела светот нѐ препознава, а македонскиот народ со особена почит и гордост го празнува денот посветен на еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј, основач на првиот универзитет на овие простори, преку кој се удрени темелите на писменоста на европската цивилизација. Да го чуваме, негуваме и заштитиме споменот и делото на најголемиот македонски учител и духовник, патронот на нашата Македонска православна црква. За многу години-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.