Search

Градежниците со поповолни очекувања за порачки

Градежниот сектор во четвртиот квартал од 2018 година имал поповолни очекувања за порачки, но има очекувања дека ќе се намали бројот на вработени, објави Државниот завод за статистика.

Оценката на раководителите на претпријатијата во градежниот сектор за економската состојба во четвртото тримесечје од 2018 година е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а е поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2017 година.

Сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти, како и оценката за финансиската состојба се поповолни во однос на претходното тримесечје.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата.

Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност е немањето побарувачка со 20.9  отсто, зголемени трошоци за материјали со 20,6 отсто, неповолни временски услови со 13,6 отсто и конкуренција во сопствениот сектор со 11,8 отсто.

Треба да знаете
Последни објави