На 02.11.2024 година во 18.45 часот од Медицинскиот центар Гостивар во Полициската станица Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.С. (53) од село Форино.
По превземените мерки било констатирано дека Б.С. управувајќи трактор без регистарски ознаки со приколка, изгубил контрола над возилото и се превртил. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.