Search

Гостиварец паднал во провалија додека истоварал шут

Гостиварец бил тешко повреден откако паднал во провалија при обид од камион да истовари шут, вчера во гостиварското село Горна Баница.

Според полицијата, несреќата се случила околу 12 часот. Критичното време Ќ.М.(72) од Гостивар со камион пристигнал кај депонијата во близина на селото Горна Баница со намера да истовари шут и земја во депонија во атарот на селото.

Според пријвеното, при кревање на сандакот за истовар, истиот го повлекол во провалија од околу 20 метри.

Ќ.М. се здобил со тешки повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави