Search

Горан Кузмановски ново засилување на новиот суперлигаш Прилеп

Откако договорот му беше завршен и не се договори за нова соработка со Еурофарм Пелистер, Кузмановски си најде нов клуб.Горан Кузмановски е ново засилување на ракометниот клуб Прилеп кој што е повратник во Суперлигата.

Кузмановски ќе значи големо засилување за клубот под Марковите кули. Тој ќе седне на клупата на новиот суперлигаш но не е исклучена можноста да заигра на теренот.37-годишниот Кузманоски сврти нова страница во својот ракометен живот и за првпат ќе биде тренер на македонски клуб.

Својата кариера ја започна токму во родниот Прилеп, во тимот на Тутунски Комбинат, а потоа преку Вардар и Металург,  португалска Медеира, седум години мина во Одорхеи па потоавсе врати во Македонија и настапуваше за Еурофарм Пелистер.

Треба да знаете
Последни објави