Search

Голи гради за Трамп пред Триумфалната порта во Париз

Додека конвојот на американскиот претседател Доналд Трамп поминуваше низ улиците во Париз, се случи инцидент. Жена се соблече топлес и истрча пред авотмобилот на Трамп, кој беше тргнат пред Триумфалната порта за да присуствува на церемонијата од 100-годишнината од Првата светска војна.

Жената, која на градите испишала ФЕМЕН како што пренесуваат француските медиуми успеала да истрча на улицата и покрај големото полициско обезбедување кое е поставено низ целиот град.

Околу 10 000 полицајци денеска обезбедуваат на церемонијата, на која присуствуваат шефови на држави или влади од осумдесет земји, директни или индиректни учесници на Првата светска војна.

По инцидентот, полицијата експресно брзо реагирала и успеала да ја приведе жената, која пружала оптор на полициските службеници.

Во текот на денот се предвидени и протести против Трамп.

Треба да знаете
Последни објави