Search

Голема акција поради лажни дипломи во БиХ, уапсени 22 лица меѓу кои и поранешен политичар

Припадниците на Агенцијата за истраги и заштита (СИПА) на БиХ ја започнаа операцијата „Перо“ во која досега се уапсени 22 лица, пишува „Аваз“.

Во тек е претрес на станбени и деловни згради, други простории и движен имот на 12 локации во Бихаќ, Цазин, Сараево, Зеница, Високо, Тузла и Источно Сараево поради основано сомнение дека лицата осомничени во овој предмет сториле кривични дела злоупотреба на службената должност и овластувања, примање подароци и други форми на корист и перење пари.

„Аваз“ пишува дека станува збор за лажни дипломи, а според неофицијални информации, уапсен е поранешниот пратеник во Домот на народите во Парламентот на Федерацијата на БиХ и поранешен генерален секретар на политичката партија А-СДА, Адмир Хаџипашиќ.

Тој претходно се поврзуваше со лажни дипломи затоа што има свој сопствен приватен центар за образование во Цазин.

Хаџипашиќ поднесе оставка од сите функции во А-СДА минатата година, откако во јавноста беше објавено видео од 2013 година на кое од една жена бара  сексуален однос во замена за работа.

Треба да знаете
Последни објави