Search

Героски го бараше заканувачот на Бихаќка, но не го најде

Новинарот Бранко Героски, доскорешниот главен и одговорен уредник на „Слободен Печат“, како што најави синоќа, претпладнево беше во седиштето на СДСМ, но не го пронајде обезбедувачот на Бихаќка, извесен Борче Гиноски, кој наводно му се заканувал на социјалните мрежи дека „ќе го бања во Вардар“.

– Доцна синоќа примив закана од лик кој се претстави како дел од обезбедувањето на
СДСМ. Побарав лидерот и партијата да се оградат. Од луѓето од секторот за комуникации
бев известен дека ова лице не е вработено во СДСМ. Го добив одговорот за да утврдам
дали некој лажно се претставува. На мене сега останува да одлучам да го пријавам
случајот во полиција. Ова е единствената писмена закана по серијата написи кои
предизвикаа бура во јавноста. Тука не ги сметам секојдневните настани како снимање
зад грб, но не ги сметам за закани, рече Героски.

Треба да знаете
Последни објави