Search

Германка исчезнала во Дунав додека си го барала мобилниот

Германка на возраст од 31 година исчезна во Дунав додека во реката го барала својот мобилен телефон, соопштија полициски извори.

Очевидци на настанот изјавиле дека нејзиниот мобилен телефон во текот на ноќта паднал во реката во која влегла кај железнички мост во германскиот град Ној Улм.

Жената испливала малку подалеку од столб на мостот, по што ненадејно исчезнала. Нејзината цимерка веднаш ги повикала службите за итни случаи.

Властите истакнаа дека речниот тек меѓу сојузните покраини Баварија и Баден-Вуертемберг е исклучително силен.

Полицијата го испитува исказот од локален жител дека 31-годишната жена можеби и излегла од реката, соопшти полицискиот портпарол.

Во потрагата се вклучени и нуркачи, сонорно пловило и полициски хеликоптер.

Сè уште не е познато дали жената се удавила или успеала да исплива на копното, додал портпаролот.

Треба да знаете
Последни објави