Search

Гевгелиските советници повторно негативно се изјаснија за геолошки истражувања на Кожуф

Советот на Општина Гевгелија уште еднаш даде негативно мислење на повтореното барање од Министерството за економија за доделување на концесија за детално геолошко истражување на металични минерални суровини на локалитетот „Коњско” на барателот „Резервоар Минералс Македонија” од Скопје.

И овој пат при донесување на мислењето, Советот на општина Гевгелија ги зеде предвид неколкуте стратешки документи во кои децидно е наведено дека „на територијата на општина Гевгелија се забранува изградба на објекти од тешка и загадувачка индустрија, во насока на зачувувањето на здравата животна средина”.

– На мислењето се надоврзуваат цврстиот став на градоначалникот Сашо Поцков, на Советот, недвосмислениот став на невладиниот сектор, како и на целокупната гевгелиска јавност која еднаш веќе енергично се изјасни дека сака општина Гевгелија да биде модерна, европска, одржлива и пред се зелена општина, се вели во соопштението на општинската служба за информирање.

Треба да знаете
Последни објави