Search

ГДУ: Паѓаме на листата на „Транспаренси интернешнл“, а власта вели дека се бори против корупцијата

До кога нашата власт ќе истакнува дека се бори со корупцијата со сите свои сили, а таа сепак да продолжува да цвета и да паѓаме на листата на „Транспаренси интернешнл“? Ова прашање го постави Граѓанско-демократската унија (ГДУ) преку соопштение по извештајот, според кој, Македонија е на 93. место од 180 држави според нивото на корупција.

„Од земјите од Западен Балкан сме во група со Албанија и Косово, со кои очигледно делиме исти вредности -корупција, непотизам, партиски вработувања. (Не)демократијата кај нас на овие простори е толку изразена што веќе никој не ја смета државата за своја. Секој гледа на неа како на нешто отуѓено, нешто што треба да се смени, ама без наш придонес. Граѓанско-демократска унија не може да го премолчи овој факт, овој непобитен доказ дека сме далеку од европските и светските вредности кон кои како општество тежнееме. Изгледа сега сме сѐ подалеку од нив и за нас се само недостижни идеали“, се вели во соопштението на ГДУ.

Од партијата велат дека проблемот постои и не треба да се минимизира. Додаваат дека граѓаните веќе не можат да ги трпат олигархијата и моќта на малата елита, која без осет и граници, без скрупули, граба кон таложење на богатството.

Граѓанско-демократска унија е секогаш на страната на граѓаните. Ние сме коректив на власта и не можеме да си дозволуваме вакви крупни работи да ги оставиме сами од себе да се решаваат. Сакаме да го отвориме прашањето на корупцијата на највисоко ниво затоа што хиерархијата кај државните органи постои, па се надеваме дека таа веќе еднаш и ќе почне да функционира“, додава ГДУ во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави