Search

Вухан по осум месеци ги обнови меѓународните патнички летови

Првиот меѓународен патнички лет, по пауза од осум месеци, вчера слета во Вухан, најпогодениот град во Кина за време на пандемијата на коронавирус.

Летот на јужнокорејскиот превозник „Т’веј“ слета на меѓународниот аеродром „Тијанхе Вухан“ во десет часот и 30 минути со 60 патници, вклучувајќи 11 Јужнокорејци.

Сите патници морале да имаат негативен тест за коронавирус не постар од 72 часа пред летот и тоа направен во болница определена од амбасадата на Кина во Јужна Кореја.

Директорот на Канцеларијата за цивилно воздухопловство, Ли Јижу, рече дека продолжувањето на меѓународните летови ги покажува големите анти-епидемиски достигнувања на кинескиот народ.

Тој додаде дека ова е најдиректниот и најсилниот доказ што му кажува на светот што сторила Кина во борбата против пандемијата.

Треба да знаете
Последни објави