Search

Втор есенскиот базар на домашни ракотворби во Бутел

Втор есенскиот базар на домашни ракотворби во Бутел

Втор есенскиот базар на домашни ракотворби ќе се одржи денеска во општина Бутел по повод ослободувањето на Скопје.

На базарот, како што информираат од општината, ќе учествуваат повеќе од 20 ракотворци од Македонија, Србија, Турција, Босна и Херцеговина, Албанија и од Косово.

Оваа година, освен домашните ракотворби (везеници, плетеници, резби, накит ), посетителите на есенскиот базар ќе можат да вкусат и пити со тиква.

Вториот есенски базар што е во организација на Општина Бутел и Здружението „Арти крафт“ од Скопје ќе биде отворен денеска и утре од 10:00-18:00 часот.

Треба да знаете
Последни објави