Search

Вреќи со 20 килограми марихуана запленети во автомобил на двајца Дебрани

Вреќа со 20 килограми марихуана била запленета во автомобил на двајца Дебрани, вчера во Тетово.

Тетовската полицијатавчера околу 17 часот на улицата Илинденска сопрела автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски таблици, управуван од А.Д.(21), а во кое како сопатник бил и Ш.П.(27), двајцата од Дебар.

По претресот, зад возачкото седиште и во багажникот биле пронајдени три вреќи со марихуана со вкупна тежина од околу 20 килограми, кои биле одземени и дадени на вештачење.

Двајцата биле уапсени и задржани во ПС Тетово, а денес ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Треба да знаете
Последни објави