Skip to main content
Балкан, Македонија

Во сообраќајка во Будва загина жена од Македонија

01/12/2024  10:44

Државјанка на Македонија, О.П.(73) загина синоќа во Будва, откако во неа удрило возило додека ја преминувала улицата во близина на зградата на Комуналната полиција.

Како што соопштија за „Вијести“ од полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 45 минути по полноќ кога во неа удрил автомобил управуван од М.М.(28) од Тиват.

Сообраќајот бил во прекин и пренасочен кон Топлишки пут.

По наредба на Основното државно обвинителство истрагата ја спровела сообраќајната полиција на Одделението за безбедност во Будва.

Телото на жртвата е испратено на обдукција, додека возачот е уапсен.