Search

Во Скопје вчера рекордни 52 заразени, во Тетово 14

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-52, Куманово-2, Штип-1, Тетово-14, Велес-2, Гостивар-2, Кочани-1, Пробиштип-1 и Кратово-1.

Овие бројки во меѓувреме се ажурирани, откако министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес-конференција, кога имаше 67 заразни, најави дека се очекуваат резултатите од тестовите од уште една лабораторија.

Статистиката покажува дека Скопје и Тетово остануваат главни жаришта на Ковид-19, па ако завчера Скопје имаше 35, во изминатово деноноќие се искачи бројот за уште 52 заразени па во главниот град има 338 активни случаи.

Во Тетово завчера имаше седум нови болни, а денеска со новите 14 случаи има 86 активни, но со 11 оздравени пациенти.

Во Скопје најголем број на активни случаи,  според статистиката од завчера, има во општините Чаир – 73, потоа Сарај – 44, Бутел – 37, Аеродром – 33 и Гази Баба – 31.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави