Search

Во Русија рекордно заразени над 10.000 лица за еден ден

Во Русија е забележан рекорден број на заразени со коронавирус во еден ден. Во последните 24 часа, дополнителни 10.633 лица се заразиле во земјата, зголемувајќи го бројот на пријавени случаи во Русија на 134.687.

Уште 58 лица починале во последното деноноќие, па бројот на смртни случаи од Ковид-19 се искачи на 1280.

Според руската новинска агенција ТАСС, 50,3% од пациентите со коронавирус немале симптоми на инфекција.

Треба да знаете
Последни објави