Search

Во пожарот во Португалија повредени 31 лице, околу 1.000 пожарникари го гаснат огнот

Во големиот пожар во Португалија што беснее веќе три дена досега повредени се 31 лице, а околу 1.000 пожарникари се обидуваат да се справат со пламените јазици.

Во текот на ноќта пожарникарите успеале да стават под контрола околу 90 проценти од пожарот, а полицијата соопшти дека во тек е истрага и постои сомневање дека пожарот би можел да биде подметнат.

Огнот избувнал во близина на градот Кастело Бранко, на 220 километри североисточно од главниот град Лисабон.

Во 2017 година во земјата изби голем пожар, пришто загинаа 107 лица.

Треба да знаете
Последни објави