![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/10/policia.jpg)
Вчера во 09.05 часот во ОВР Крушево, 37-годишниот С.С. од село Борино, крушевско, пријавил дека на место викано „Брака” во село Борино, пронашол неексплодирана рачна бомба.
Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување бомбата била безбедно подигната и било констатирано дека се работи за рачна бомба од Првата светска војна.