Search

Во Виетнам 25 загинати и десетици исчезнати лица поради тајфунот

Најмалку 25 лица загинаа, а десетици се водат како исчезнати во Виетнам по ударот на тајфунот Молаве, еден од најсилните во тој регион во последните неколку децении.

Повеќе милиони луѓе истовремено останале без струја, а оштетени се 56 станбени објекти.

Поради лизгање на земјиштето предизвикано од поројните дождови во провинцијата Кванг Нам, стотици војници со тешка механизација трагаат по преживеани.

Во таа област загинаа 13 лица, а 40 се водат како исчезнати, соопшти виетнамската Влада, додавајќи дека спасувачката операција е отежната поради невремето.

Пронајдени се и тела на 12 рибари, чии бродови потонале кога се обиделе да се вратат на брегот.

Тајфунот Молаве претходно ги погоди Филипините, каде во лизгање на земјиштето животот го загубија најмалку 16 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави