Search

Во Венецуела пристигна првата испорака на хуманитарна помош од Црвениот крст

Првата испорака на хуманитарна помош од Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина денеска пристигна во Венецуела.

Организацијата за агенцијата АП потврдила дека лекови и препарати за грижа за пациентите пристигнале во Каракас.

Снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат работници облечени во сино, со ознаки на Црвениот крст, како го изнесуваат кутиите со хуманитарна помош од авион.

Црвениот крст на крајот од март објави дека добил дозвола од венецуелските власти да почне со испорака на помош.

Оваа испорака претставува еден вид премолчено признание на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, дека земјата минува низ хуманитарна криза, која тој долго ја негира, информира агенцијата.

Испораката на помош е дел од кампањата на опозицијата, чија конечна цел е соборување на социјалистичкиот претседател Мадуро од власт.

 

Треба да знаете
Последни објави