Search

Во Велика Британија починаа уште 888 лица од коронавирус

Бројот на смртни случаи од коронавирус во Велика Британија е зголемен за 888, и со тоа вкупниот број на починати лица веќе изнесува 15.464, соопшти Министерството за здравство во земјата.

Според најновите податоци, потврдени се повеќе од 5.000 нови случаи на коронавирус, пренесуваат британските медиуми.

Досега се тестирани вкупно 357.023, од кои 114.217 се позитивни.

Треба да знаете
Последни објави