Search

Во Албанија бројот на заразени од „Ковид-19″ се зголеми на 304 лица

Со дијагностицираните 27 нови случаи, бројот на заразени со „Ковид-19″ во Албанија се зголеми на 304 лица,од нив речиси половина или 146 се од Тирана.

Според Министерството за здравство и социјална заштита во последните 24 часа биле тестирани 112 сомнителни случаи а позитивен резултат има кај 27 од нив,меѓу нив и 13-годишно дете.

„Добра вест е дека се зголемува бројот на излекуваните. Во последните 24 часа излекувани се 13 пациенти,со што бројката се зголеми на 89. Во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи” хоспитализирани се 81 лице, од нив седум се на интензивна терапија, од кои четворица се интубирани. Останатите, до сега, се во стабилна состојба, стои во соопштението на Министерството.

До сега од „Ковид19″ починати се 16 лица,кои боледувале и од други болести,освен еден кој бил со прекумерна телесна тежна.

Мерките на Владата за спречување на проширувањето на опасниот врус продолжуваат.

Премиер Еди Рама преку Фејсбук денеска информираше дека, како и изминатите два викенда, утре и задутре се воведува полициски час од 13:00 до 5:00 часот.

Треба да знаете
Последни објави