Search

Во Австрија стапи на сила законот за евтаназија

Во Австрија стапи на сила законот кој дозволува потпомогнато самоубиство.

Почнувајќи од денеска, возрасните кои се терминално болни или имаат постојана, исцрпувачка состојба може да се одлучат за помош и потпомогнато самоубиство.

Австрискиот парламент донесе нов закон во декември, а по одлуката на Уставниот суд по тоа прашање, новата практика ќе биде строго регулирана, додека секој случај ќе го оценуваат двајца лекари, од кои едниот треба да биде експерт за палијативна медицина, јавува Би-Би-Си.

Официјални лица велат дека австриската влада издвоила средства за развој на палијативна нега за да се осигура дека никој нема да одлучи да умре доколку има други опции.

Потпомогнатото самоубиство, во кое некому му се даваат средства да стави крај на сопствениот живот, е легализирано во соседна Швајцарија и во неколку други европски земји, вклучувајќи ги Шпанија, Белгија и Холандија.

Според британскиот јавен сервис, активната помош за самоубиство ќе остане забранета во Австрија, а новите правила експлицитно ги исклучуваат малолетниците или лицата со ментални здравствени проблеми.

Возрасните кои сакаат да го завршат својот живот мора да имаат валидна дијагноза и потврда дека се способни да донесуваат независни одлуки.

Треба да знаете
Последни објави