Search

Во Австралија нови мерки против Ковид-19

Во Австралија стапија во сила нови мерки во борбата против Ковид-19. Воведени се казни за кршење на правилата за социјално дистанцирање, плажите се затворени, а се најавуваат и построги мерки доколку не останат во своите домови.

Две-третини од инфицираните со новиот коронавирус во Австралија се лица кои пристигнале од странство. Поради тоа властите за сите свои државјани, кои ќе се вратат во земјата наредија да поминат 14 дена во карантин во хотел на сметка на државата. Армијата ќе го надгледува спроведувањето на новите мерки.

Во земјата не е воведена забрана за движење и излегување од домовите, но објектите што ги посетуваат голем број луѓе се затворени. Властите апелираат граѓаните да не организираат домашни забави и други совијални собири.

Во Австралија регистрирани се вкупно 3.635 случаи на новиот коронавирус, од кои 170 луѓе оздравеле, а 14 починале.

Бројот на заразени во Австралија е мноу помал во споредба со другите држави.

Треба да знаете
Последни објави