Search

Волвс и Саутемптон ги поделија бодовите на „Молине“

Вулверхемптон и Саутемптон ги поделија бодовите со реми од 1-1 во последниот дуел од деветтото коло во Премиер лигата.

Саутемптон поведе со голот на Тео Волкот, но резервистот Педро Нето погоди за израмнување и бод на „волците“.

Саутемптон ја контролираше играта на средината од теренот, ама Волвси беа поконкретни.Домашните фудбалери се закануваа преку Траоре и Поденс, ама МекКарти беше фанстастичен на голот.

Второто полувреме започна одлично за гостите кои поведоа во 58. минута од натпреварот. Тео Волкот кој се врати во Саутемптон по долго време, го даде својот прв гол по речиси 15 години. Крилниот фудбалер одлично се отвори на втора статива и го искористи прецизниот пас од Адамс низ шеснаесетникот, па лесно реализира.

Вулверхемптон успеа да се врати и израмни. Нововлезениот Педро Нето се најде на вистинското место по одбиената топка од стативата и во 75. минута успеа да стрела за 1-1. Младиот Португалец по само пет минути на теренот успеа да го постигне својот втор гол во дресот на Волвси, овојпат вреден еден бод.

Треба да знаете
Последни објави