Search

Возило излетало од патот кај Велес, повредени пет лица

Вчера попладне на регионалниот пат Извор-Велес, пред крстосницата за селото Војница, патничко возило „форд галакси“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 22-годишен маж од Јаболчиште, излетало од коловозот и удрило во земјен брег од канал за атмосферски води.

Со повреди се здобиле возачот и четири сопатници кои со две возила на Итната медицинска помош биле пренесени во Општа болница Велес, каде по извршениот лекарски преглед тешки телесни повреди биле констатирани кај едно од лицата, по што бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Другите се здобиле со телесни повреди и биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.

Треба да знаете
Последни објави