Search

Возач прегазен од камионот што претходно го управувал

Скопјанец загинал откако бил прегазен од камионот што претходно го управувал, вчера во скопското село Долно Лисиче. Станува збор за Љ.А.(52) од скопското село Долно Лисиче.

Според полицијата, несреќата се случила вчера во 14.50 часот на крстосница на булеварот Борис Трајковски и улицата „4“. Според пријавеното, Љ.А. го запрел возилото и со сопатникот С.К.(50) од Велес излегле од него да видат дали имало простор за да помине по улицата. Според пријавеното, во еден момент возилото
се придвижило нанапред и со предните тркала го прегазил Љ.А..
Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за
расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави