Search

Возач на автомобил настрадал во судир со камион

Кочанчанец бил тешко повреден во судир на автомобил и камион, вчера на магистралниот пат Делчево- Кочни, информираше МВР.

Сообраќајната несреќа се случила околу 9 часот на дел од патот во атар на село Драмче. Тогаш камион „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(34) од село Јакимово удрил во автомобил „опел омега“ што го управувал Р.Ј.(44) од Кочани.

Во незгодата тешко е повреден Р.Ј. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави