Search

Внимателно возење на магистралниот пат А2 кај селата Псача и Мождивњак

Поради изведба на градежни работи на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, фирмата изведувач на дел од градежните активности препорачува внимателно возење на магистралниот пат А2 кај селата Псача и Мождивњак.
– На патот Куманово – Крива Паланка во населените места Мождивњак и Псача, поради изградбата на експресниот пат, делница Крива Паланка- Длабочица, поставена е патна сообраќајна сигнализација за времено регулирање на сообраќајот. Се молат возачите да ја почитуваат поставената вертикална сообраќајна сигнализација заради, безбедност во одвивање на сообраќајот, изјави Раде Димитровски.

Од возачите се бара да бидат крајно внимателни и да се придржуваат до поставената сообраќајна сигнализација како и да ја прилагодуваат брзината на движење согласно условите на патот. 

Треба да знаете
Последни објави