Search

ВМРО- ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави против 200 лица за референдумот

ВМРО- ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави против 200 лица за референдумот

По седницата на Централниот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ , потпретседателот Александар Николоски ги објави заклучоците на партиското раководство.

Централниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ ги потврди заклучоците од вчерашната седница на ИК , со барање за смена на јавниот обвинител и поставување нов по предлог на опозицијата.

Ова барање се должи на бројни нерегуларности пред , за време и по референдумот , поради што утре ВМРО- ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави против 200 лица , претседатели и членови на Општинските изборни комисии во седум општини , меѓу кои и Струга , Боговиње и Сарај за грубо кршење на изборните закони.

Ќе се бара кривична одгвороност за сторени шест кривични дела од законот. Николоски информираше дека по референдумот имало отпуштања од работа на лица и јавниот и во приватниот сектор на оние кои бојкотирале или гласале негативно .

Треба да знаете
Последни објави