Search

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев да одговорат за бројните скандали, а не да лажат и измислуваат

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Криминалниот СДСМ е прочитан од граѓаните и му се ближи крајот па затоа Заев се обидува спасот да го најде во дефокусирање со креирање на лажни вести.

СДСМ и Заев треба да одговорат на граѓаните за бројните скандали, а не да лажат и измислуваат.

Каде заврши торбата полна со пари од случајот „Рекет“?

Зошто се уништи добар инсулин?

Зошто функционерите на СДСМ не одговараат пред лицето на правдата?

Каде одат парите со кои СДСМ ја задолжува Република Македонија?

Низа други прашања заслужуваат одговор.

За лагите, измамите и потценувачкиот однос кон јавноста, СДСМ ќе го добие одговорот од граѓаните на 12-ти април. Граѓаните ќе стават крај на владеењето на криминалната влада на СДСМ и ќе започне обнова на Македонија.

 

Треба да знаете
Последни објави