Search

ВМРО ДПМНЕ: По 12 април со обновата ќе дојде и правдата

СДСМ е во паника која се зголемува како што наближува 12-ти април, возвраќаат со контра соопштение од опозициската ВМРО ДПМНЕ на реакцијата иод СДСМ

-Зоран Заев гледа дека граѓаните ги отфрлаат неговите деструктивни и криминални политики. Зоран Заев знае дека го очекува огромен пораз и затоа се обидува преку уште една политичка злоупотреба на институциите да ја намали разликата. Не е прв пат Зоран Заев да дава наредби кон обвинителството и судот за политички прогон.
Русковска обвинителството и Кацарска судството може да измислат уште десетици процеси како 27-ми април или уште стотина пати да го амнестираат Заев за криминал, но тоа нема да ја спречи обновата на Македонија и правдата која доаѓа.
Наместо СДСМ да обвинува за се и сешто нека одговори на граѓаните на неколку прашања кои се актуелни деновиве околу аферите за рекет.
До кога мисли власта да молчи за аферата „Рекет“?
Каде заврши торбата Луј Витон со еден и пол милион евра? Каде завршија други изрекетирани пари кои се проценуваат над 20 милиони евра?
Зошто Заев до излегувањето на материјалите за „Рекет“ во странски медиум упорно ја бранеше Катица Јанева, па дури и бараше нејзин реизбор?
Како тоа пола Влада и СДСМ соработувала со Боки 13 и никој не пријавил нешто сомнително или можеби тие биле директно вмешани во изнудувањето, броењето и поделбата на милионските суми изрекетирани пари?
Кога Јавното обвинителство ќе собере сила и храброст и ќе ја истражи аферата околу „Рекет 1“. „Рекет 2“, „Рекет 3“?
Вистината ќе излезе на виделина. Колку и да сакаат од Обвинителството да го забошотат случајот и да го ограничат на двајца-тројца обвинети, сепак криминалот е многу поголем и подлабок.
Јавна тајна е дека главен лик во овие афери е власта.
По 12-ти април ќе дојде обнова на Македонија, а заедно со обновата ќе дојде и правдата.

Треба да знаете
Последни објави