Search

ВМРО ДПМНЕ: На следните избори македонските граѓани ќе ги казнат конструкциите и местенките на СДСМ

СДСМ и Заев да ја сокријат својата паника се служат со лаги и манипулации. Од Бихаќа пуштаат соопштенија полни со лажни вести, но веќе не им поминуваат. СДСМ и Заев се прочитани од македонските граѓани, се вели во рекацијата од ВМРО ДПМНЕ.

-На следните избори македонските граѓани ќе ги казнат конструкциите и местенките на СДСМ.  Се ближи крајот на оваа власт која го лажеше народот дека ќе донесе живот, дека просечната плата на Македонецот ќе биде 500 евра, ќе се изградат 500 километри автопат.

Република Македонија е класифицирана како хибриден режим, благодарение на режимското владеење на Заев и СДСМ, политичкиот прогон на неистомислениците како и физичкото и телефонското следење на политичкиот противник од страна на параполициски структури.

Заев и СДСМ треба да знаат дека ќе одговараат пред законот и словото на правдата.

Со СДСМ и Заев граѓаните единствено добија хибриден режим, криминал и неспособност.

Треба да знаете
Последни објави