Search

ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината

Заев го реализира до крај идентитетскиот атентат врз македонскиот народ, преку менување на уставниот карактер на државата и со Законот за двојазичност, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека нема крај на понижувањата кои СДСМ му ги сервира на македонскиот народ.

Сѐ што кажа Заев – излажа, а сѐ што вети заборави, констатираат од опозициската партија.

„Заради неговите концесии, спротивно на волјата на повеќе од милион граѓани, со закани и уцени, спроведена е промената на уставното име. Благодарение на истите негови хипотеки и концесии Заев сега спроведува двојазичност на целата територија на Република Македонија. За само две години владеење со Македонија Заев успеа да натера повеќе од 70 проценти од граѓаните да сакаат да ја напуштат својата татковина, своите родни огништа и фамилии“, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека илјадниците граѓани кои побегнале, како како што велат, како резултат на криминалната и одродената власт предводена од аболицираниот Заев, доколку сега се вратат во државата нема да можат да ја препознаат својата држава.

„Граѓаните ја бараат зората, граѓаните бараат предвремени парламентарни избори на кои ќе го нанесат финалниот пораз на Зоран Заев и СДСМ, избори на кои ќе ги поразат црнилата“, нагласуваат од опозициската партија, истакнувајќи дека зората ќе дојде и сонце пак ќе ја огрее Република Македонија.

 

Треба да знаете
Последни објави