Search

ВМРО-ДПМНЕ: Заев гради 260 км автопат, само во својата глава

Соопштение до јавноста- реакција на изјавата на Зоран Заев

„Зоран Заев ја потценува интелигенцијата на граѓаните. Вели дека гради автопат од 260 километри автопат?! Па ваква лага и од Заев да е премногу е. За споредба 137 километри е оддалеченоста од Скопје Струмица, делница која Заев би требало да ја знае. Ако се градеше толку многу како што само Заев брои, односно 260 километри автопат тогаш сите во Македонија тоа ќе го видеа и ќе го знаеја. Овие 260 километри автопат се само во главата на Заев.

Очигледно дека Заев сака своите лаги од 2016 да ги покрие со нови лаги. Да потсетиме дека тогаш ветуваше нови 600 километри автопат 550 километри магистрални и 1.000 километри локални патишта. Видовме дека за три години не можат да го завршат ни тоа што им беше оставено да го завршат, две години бели линии не можеа да исцртаат, ни два километри автопат да направат.

Ете до толку се неспособни.

СДСМ, Шекеринска и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“

 

Треба да знаете
Последни објави