Search

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на претстојните избори ќе му покажат жолт картон на СДСМ

Наместо свиткана кичма и антидржавните политики на Заев, државата има потреба од стабилност и сигурност, велат во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму сметаат дека веќе две години како СДСМ е на власт правната држава е дерогирана, па повикуваат СДСМ да си замине, за владеењето на правото да биде повторно воспоставено.

„Криминалните тендери, роднинските врски со високи партиски функционери како услов за вработување во државната администрација, криминалот по улиците, руинираното здравство и образование не смее да продолжат да бидат наше секојдневие“, посочуваат од партијата и додаваат дека Заев откако ја завил во црнила државата, побегнал од предвремени парламентарни избори.

Од ВМРО-ДПМНЕ повикуваат дека граѓаните треба масовно да излезат и да гласаат на претстојните претседателски избори, за му дадат, како што велат, жолт картон на СДСМ и да му го покажат местото на буништето на историјата, каде што од партијата сметаат дека нивните ривали ќе завршат на следните парламентарни избори.

Треба да знаете
Последни објави