Search

Владина делегација на комеморативна седница во Општина Врапчиште

Владина делегациија составена од министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, за транспорт и врски, Горан Сугарески и Зорица Апостолска, министер без ресор задолжена за странски инвестиции, денеска присуствуваше на комеморативна седница во Општина Врапчиште за загинатите во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи во близина на село Ласкарци, на автопатот Скопје-Тетово.

– Примете искрено сочувство за загинатите од име на Владата и од мое лично име. Нека почиваат во мир. Длабоко сочувствуваме со вашата болка и голема загуба. Земјата е во тага, ова е голема трагедија за целата наша држава. Ќе направиме се што e можно, да ги поддржиме сите семејства на загинатите сограѓани. Грижата нема да ги замени тагата и болката, но поддршката е потребна за да продолжите понатаму. Тоа е почит кон починатите и наша заложба да ви помогнеме вам, нивните семејств, им порача Николовски на семејствата на загинатите и посакувајќи што поскоро опоравување на повредените.

Во несреќата што се случи вчера на автопатот Скопје-Тетово загинаа 14 лица,  а 37 се повредени. Двајца од починатите и тројца од повредените во сообраќајната несреќа се од Општина Врапчиште.

– Со жалост ја примив веста за трагичниот настан што се случи вчера. Дел од патниците се и граѓани од нашата општина. На повредените им посакувам здравје, а на фамилиите на загинатите им пренесувам сочувство од мое име, од име општинската администрација, од Советот и сите граѓани на Општина Врапчишт, рече на комеморацијката градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани.

Треба да знаете
Последни објави