Search

(Видео) Украина соочена со ужасот на коронавирусот, се копаат нови гробови

Стотици гробови се ископани во украинскиот град Дњепропетровск за можни жртви од коронавирусот. Оваа вест ја сподели градоначалникот Борис Филатов на својата фејсбук-страница.

На снимката се прикажани десетици подготвени гробови на едни од градските гробишта. Вкупно беа ископани 600 гробни дупки, а за складирање на телата беа купени илјадници дебели пластични кеси, истакна Филатов. Забранета е и обдукција на оние кои имале дијагноза на коронавирус или сомневање на Ковид-19.

Бројот на присутните на погребите ќе биде ограничен – не повеќе од едно лице во круг од 10 квадратни метри.

Треба да знаете
Последни објави