Search

(Видео) Трипуновски: Надлежните една недела молчат за скандалот со труење на луѓе во скопска сендвичарница

Агенцијата за храна и ветеринарство, Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје Скопје и ДЗСИ скоро една недела молчат во однос на скандалот со труње на луѓе со храна од една скопска сендвичарница, изјави дополнителниот заменик министер за земјоделство, Цветан Трипуновски и додаде дека тоа е показател оти системот на институции за безбедност на храна во земјата не функционира.

„Шест дена му треба на Центарот за јавно здравје Скопје да ја извести Агецијата за храна и веретинарство дека една сендвичарница во градот е извор на зараза и труење на десетици наши сограѓани“, посочи Трипуновски и истакна дека тоа е спротивно и на законските одредби.

„Дури вчера 3 јули, 5 дена од првите лица кои што се пожалија на труење од Агенцијата за храна и ветеринарство известија дека излегле на терен. Срамота и класична неработа. Молчењето на инстиуциите и бавниот начин на работа е одлика или на неспособност или на свесно прикривање на субјеките од чии прозиводи се затруле голем број на граѓани. И за едното и за другото одговорност треба да има“, повика дополнителниот заменик министер за земјоделство.

Трипуновски воедно јавно запраша, зошто затаил системот за безбедност на храна и притоа институциите не постапиле согласно нивните надлежности.

„Зошто скопската сендвичарница не беше веднаш затворена од Агенцијата за храна и ветеринарство и од државниот здравствен и санитарен инспекторат и продолжи со работа по земањето мостри од храна, но не и брисеви од работните површини за утврдување на вистинската причина за труењето кај граѓаните“, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави