Search

ВИДЕО: Претепаната Добрила ја открива причината поради која таксистот ја нападна

Завчера немил настан го потресе Скопје, и ја крена јавноста на нозе, за запирање на насилството врз жената.

Имено станува збор за видеото кое ги преплави социјалните мрежи, на кое се гледа како девојка сака да уништи такси возило, а при тоа таксистот доаѓа кон неа и ја турка доле на асфалтот.

На почетокот на видеото изгледа како жената да сака да направи штета на автомобилот, а потоа насилникот доаѓа и жестоко ја турка, по што таа полугола паѓа на тротоар.Случајот бил пријавен во полиција на 24.07.2019 во 15.30 часот во Полициската станица Центар каде било пријавено дека на крстосницата на булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Беласица“ се случил инцидент помеѓу З.П.(45) од Скопје и Д.С.(30) од Скопје, изјавија  од МВР за КУРИР и додадоа дека е извршен разговор со лицата и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против нив.

Но жената која беше нападната од таксистот, денеска во вестите на Канал 5 телефизија ја откри причината поради која била нападната од таксистот. Таа вели дека прво вербално била нападната, дека тој ја нарекувал со погрдни зборови, а потоа кога таа сакала да му се одмазди и физички ја нападнал.

Станува збор за 30- годишната Добрила Стефановска која раскажа дека била натепана од таксистот за банална причина, односно тој немал да и врати кусур.

Ќе има ли кривична одговорност за некој во овој случај?- е прашањето на кое граѓаните бараат одговор од надлежните.

Треба да знаете
Последни објави