Search

(Видео) Попов: Павле, отвори си пекара и хемиско чистење ако толку си по „бело”

Помина цела една недела, а Павле Богоевски не си дава оставка. Се редат само образложенија што е тоа „пола” што Павле си го нарачува да му го спремат „убаво”. Лажат бе Павле што зборат по градов дека тоа „пола” била бела прашкаста материја што остава траги на носот. Да шмркал Павле кокаин немаше да прифати да биде наркотестиран, изјави Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Затоа УМС во обидот да помогне на државата да не троши ресурси за да го гони таксистот за да утврди што нарачувал Павле нуди уште една информација од свиркач. Павле подолг период е навлечен на „бело” и тоа тип 500.

Затоа му оставаме цело кило квалитетно брашно за да не се резили во иднина пред таксисти да нарачува по пола грам.

Павле, брашново се купува во продавница исто како и маслото од канабис што се купува во аптека. Заеви ја садат марихуаната. Прашај ги. Немој да се резилиш со вакви образложенија. Ако си по друг бел прашак, следниот пат ќе ти оставиме и за перење.

Павле, отвори си пекара и хемиско чистење ако толку си по „бело”. Не вака, штом ќе кренеш рака и прозбориш во Собранието да мислиме дека ти фали „пола” и тоа те вознемирува, изјави Попов.

 

Треба да знаете
Последни објави