Search

(ВИДЕО) Полицајка од Куманово опомената за своето недолично однесување, возела со нозете кренати на волан

Oд МВР потврдија дека станува збор за Д.Ј. и соопштија дека добила укажување за недолично однесување.

Полицајка од Куманово е опомената за своето скандалозно однесување, таа возела автомобил со нозе преку прозор и качени на управувачот, а при тоа се снимала, а видеото потоа се рашири и по социјалните мрежи.

Oд снимките се гледа дека видеото е снимано на автопат, а празните коловозни ленти ја отвараат и дилемата дали тоа можеби се случувало и за време на полициски час?

Oд МВР за Телма потврдиле дека станува збор за Д.Ј. и велат дека добила укажување за недолично однесување.

Од МВР за Телма велат дека таа била повикана во СВР Куманово.

– Бидејќи станува збор за полициски службеник од страна на СВР- ПС-ОН Куманово ќе биде известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за превземање на понатамошни мерки- велат од СВР Куманово.

Прочитајте и…  Заев: Потребни се избори за да го дочекаме новиот бран на коронавирусот целосно подготвени (ВИДЕО)

Треба да знаете
Последни објави