Search

(Видео) Пендаровски од Штип: Да се обединиме околу вистинските вредности и сплотени да се насочиме кон ЕУ и НАТО

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, од Штип повика на обединување околу вистинските вредности, солидарноста, меѓусебното помагање, правдината и патот до интеграциите во ЕУ и НАТО.

„Се обврзувам, ќе бидам вистински претседател на сите граѓани. Длабоко верувам дека потеребно е меѓусебно да си подадеме рака и да се обединиме околу вистинските вредности, солидардноста, правдата и интеграцијата во ЕУ и НАТО. Можеме многу да постигнеме, сега откако се вративме на вистинскиот пат, на патот на напредокот, на членството во НАТО и ЕУ“, рече Пендаровски.

Попладнево тој ќе учествува и на трибина во мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Штип.

Треба да знаете
Последни објави