Search

(Видео) Оганот го опколил од сите страни – маж од Грција го снимил пожарот од близу

Оганот го опколил од сите страни – маж од Грција го снимил пожарот од близу

Снимка која покажува како изгледа да се биде во центарот да пожарот кој уби 83 лица во грчкото село Мати се појави на интернет.

Како што навеле грчките медиуми, маж кој го снимил видеото во паника отворил врата и излегол од својата куќа за да ја внесе мачката, но ветерот ја затворил вратата и тој повеќе не можел да се врати назад.

Така останал пред куќата, припиен за ѕид, додека огнот голтал сѐ пред себе со огромна брзина.

Пожарот бил толку близу до него што се поставува прашањето како воопшто преживеал.

Според зборовите на корисниците на Фејсбук, човекот кој го објавил видеото го познава човекот кој го снимил и кажал дека и тој и неговата мачка го преживеале пожарот.

Треба да знаете
Последни објави