Search

(Видео) Мицкоски на средба со струмичките дуќанџии и занаетчии

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше во посета на Струмица, каде оствари средби со граѓаните од градот. Како што соопшти партиата, тие го запознале со ,,тешката економска ситуација во која живеат и безперспективноста која станува секојдневие”.

,,Мицкоски првин ја посети индустриската зона Сачево, каде најмногу се гледа црнилото кое ја пустоши државата, место на кое што требаше да бидат изградени 16 фабрики, а нема ниту една. Мицкоски ја посети и струмичката чаршија, каде има бројни дуќани и занаетчии, но работат се помалку.Црнилата кои ги предизвика оваа власт се насекаде, во економијата, земјоделието, образованието, буквално насекаде.

Работата е катастрофа, ние овде сме во наш дуќан, кирија не плаќаме и тоа е големата предност, инаку работата е катастрофа, да ти го извадам дневниот пазар да го видиш тоа е катастрофа, вели еден од струмичките занаетчии. На прашање на Мицкоски како дали има разлика годинава со годините наназад тој вели дека има огромна разлика во негатива”, се наведува во соопштението.

Мицкоски при средбите потенцирал дека секаде заеднички именител за оваа власт е рекетот и пљачката. ,Тој потенцира дека истото до сега се нема случено, на што занаетчијата одговара дека за разлика од нивните бизниси, бизнисите на претставниците на власта работат, на што Мицкоски констатира дека ќе дојде време кога целото криминогено работење на власта ќе биде прегледано од почеток до крај. Друг занаетчија и стопанственик констатираше дека верува во Мицкоски и во вистината која тој ја кажува”, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави