Search

Видео: Макрон пред една година со специјално видео им се обрати на македонските граѓани

Макрон пред една година со специјално видео им се обрати на македонските граѓани

Францускиот претседател Емануел Макрон стави вето на почнување преговори со Македонија. Тој пред една година со специјално видео им се обрати на македонските граѓани да излезат и да гласаат „за“ на референдумот за промена на името со цел членство во ЕУ и НАТО.

Референдумското прашање на кое Макрон ги повика граѓаните да гласаат „ЗА“ гласаше: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?

Слоганот на референдумот беше „За европска Македонија“, а денеска Макрон не дозволи Македонија да тргне кон ЕУ со почнување преговори за членство.

Треба да знаете
Последни објави